• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Став

Осврт на Никола Груевски за интервуто и воопшто “делото” на Денко Малески

април 28th, 2020 Македонија, Став коментари 1062

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Осврт на Никола Груевски за интервуто и воопшто “делото” на Денко Малески

Воопшто не ме изненади интервјуто на г.Денко Малески за бугарската телевизија ниту пак Бугарските барања преточени во документ на ЕУ како услов Македонија да може непречено да ги води преговорите и да се зачлени во ЕУ.

Ќе се задржам на ставовите на г.Малески, бидејќи тој од секогаш бил “јастребот” на одстапките на левицата. Незнам, можеби и сам си ја доделил таа улога, но секогаш кога левицата во Македонија треба да направи остапки на национален план г.Малески претходно со свои изјави како да прави подготовки на јавноста за истото.

Во сите до сега слични ситуации, тој е на страната на оној кој ни отвара проблем или бара некоја национална остапка, односно се согласува со нивниот став, или затоа што е “убеден” дека другата страна е во право, или затоа што смета дека сме помали и во понеповолна ситуација и подобро е да попуштиме.

Како што тој во неговото интервју кажа мислење дека Американците секогаш биле на страната на послабиот, мене ми личи дека тој е секогаш на страната на посилниот па смета дека Македонија и Македонскиот народ како помали секогаш треба и за се да попуштаат.

Но, тоа е негова позиција и во една демократија тој како и сите има право на свој став.

Од она што сум слушал од генерацијата активни политичари од времето на создавање на Македонија, наводно г. Малевски одстапил од функцијата министер за надворешни работи бидејќи неверувал дека Македонија има сила да опстои самостојно, па оттука и несакал да биде дел од тој проект. Г.Блаже Ристевски дури и јавно го има кажано истото во снимен видео матерјал, кое завршува со цитатот на г.Малевски: “Самостојност само без мене! “
Сосема легитимно е и за тоа да има свој став, доколку навистина било така, но би рекол и доблесно е што брзо се повлекол од таква влада со таква агенда и мисија. Тогаш очигледно тој сакал сите ние, кој тој денес не смета дека сме со бугарско потекло, да останеме во Југославија предводена од Србија, веројатно и онаа скратената без Словенија и Хрватска.

Во врска со последниот негов став на бугарската телевизија, нејасно е зошто истиот не го изнел за време на периодот на СФР Југославија, на пример, кога тој бил активен во МНР во Белград.

Сигурно некој би рекол дека можеби тогаш се плашел заради одсуството на демократија, но поминаа еве 30 години од воведување повеќе партиски живот, демократија и плурализам во Македонија, десетици луѓе уште во раните деведесети јавно се експонираа со истиот став кој сега тој го застапува. Тој дури беше и министер во Владата во еден период а пола од времето од почетокот на плурализмот неговата партија е на власт, така што барем во тој период незнам од што би се плашел.

Прашањето ми е зошто тоа не го кажал во 1991 година, или во 1995 година или во 2003 година на пример, туку сега.

Како баш сега кога Македонија е под притисок и отворена закана дека нема да напредува на патот патот кон ЕУ, ако не го “заборави Македонскиот јазик”, г.Малевски на еден начин се опиша себе како Бугарин по потекло, но и сите ние преку нашите предци. Како баш сега дојде до овие спектакуларно откритија?

Знаејќи дека токму комунистите со восхит ги пречекаа Бугарите во 1941 година првата помисла која ми помина низ главата, е дека ова сега заличува како да исполнува “аманет” на неговите претходници во нивните почетоци.
Малкумина знаат дека во првите акциони комитети создадени во Македонија по доаѓањето на Бугарите во 1941 год., во повеќето различни градови во тие акциони комитети влегуваат проминентни а подоцна низ децениите звучни имиња од Македонската комунистичка провиниенција, од калибарот на Страхил Гигов на пример. За воља на вистината, подоцна тие по директива на КПЈ стануваат противници на Бугарската власт и се бореа против неа, но беа првите нивни сојузници и активисти кога таа пристигна на нашата територија . За ова има книги со оргинални архивски документи каде се напишани имињата на сите членови на акционите организации. Една од нив ја имам и јас.

Истовремено, по доаѓањето во Македонија, бугарските тајни служби почнуваат масовна операција на следење на некогашните припадниците на веќе расформираното ВМРО седум години претходно, бидејќи токму од нив се плашеле да не ја обноват ВМРО и афирмираат идејата за независна Македонија и да се организираат во намерата за правење независна Македонска држава.
Ако г.Малевски не верува во ова, може слободно да ги прочита бугарските архивски документи од МВР за окупацијата на Македонија во 1941 година. Да види кого следи полицијата. Комунистите ги нема никаде. Само припадниците на поранешното ВМРО се опасност, според нивните извештаи.

Но да го оставиме тоа настрана, идеолошкиот дел.

На веќе широко познатиот фудбалски натпревар Македонија-Левски, 7.000 навивачи согласно извештаите на бугарското МВР, за што исто така има архивски документи, извикувале пароли од типот “долу Бугарија”. И тие ли биле Бугари?

Од чија рака загинаа комунистите и антифашисти како Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Цветан Димов, Орце Николов, Стив Наумов, Таки Даскалот…? Кој ги уби и зошто? И нив ли Србите им го земаа умот?
Младинците во Ваташа…?

Незнам дали на г.Малевски му е познато дека Милет системот направил во едно семејство двајца браќа различно да се декларираат.
Можно ли е едниот брат да е Бугарин а другиот Грк или пак само тоа можело да се избере ако се сака нормално да се живее, па пропагандите работеле кој повеќе ќе придобие на едната или другата страна.

Зошто ВМРО никаде во своите устави не ја пишува Бугарија?

И уште една работа е интересна да се потсети г.Малевски и неговите следбеници.

Каде исчезнаа 180.000 Македонци од пописите во Бугарија во 1946 и 1956 година. И нив ли режимот на Србија во Вардарска Македонија по 1919г. ги натерало да се определат како Македонци по националност?

Може ли тој или било кој да посочи еден документ со кој ќе се потврди дека во илинденското востание дошол на помош барем еден бугарски војник. Ако сме биле Бугари, зошто Бугарија не помогна со ништо во востанието во 1903 година.

Сосема е јасно дека сега ќе ги гледаме “јастребите” бидејќи партијата на власт и нејзините активни предводници во предизборниот период треба да одглумат патриотизам и отпор кон непринципиелните барања, како последното од типот да неможе да се спомене македонскиот јазик во ЕУ.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Комити- Скопје: Со саможртвата на Солунските атентатори цел свет ги изговори зборовите, Македонци, Македонско, Македонија!
Следна објава Сашо Тасевски: професоре, ти можеби си бугарин, ама јас не сум!
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 716
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 647
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 670
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1326
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 604
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 694
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 369
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 462
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 671
Жена на денот
Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

2503
Маж на денот
Дејл Карнеги - Ако судбината ви подари лимон, направете лимонада

Дејл Карнеги - Ако судбината ви подари лимон, направете лимонада

2145
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201924
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201918
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201918
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201818
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.