Со свое соопштение во јавноста Фондацијата институт отворено општество Македонија соопшти дека поделиле 190.000 долари на 35 граѓански организации. Сретствата според ФИООМ биле наменети за поддршка на граѓанските организации кои биле погодени од ефектите на заразата со Ковит-19.
“Обезбедивме поддршка во вкупна вредност од 190.000 долари, со цел да овозможиме услови за работа, во време на криза, за граѓанските организации кои се клучен сегмент во едно демократско општество, а кои се погодени од вонредната состојба, како и останатите сегменти од општеството.
Грант-шемите вклучуваат и ќе овозможат следење на институциите и функционалноста на системот во услови на криза во областите борба против корупција, судство и спречување и заштита од дискриминација, кои се приоритети во процесот на пристапување во ЕУ. На овој начин граѓанските организации ќе продолжат активно да ги набљудуваат процесите во кризниот и пост-кризниот период, и ќе реагираат со цел подобрување на политиките и практиките во овие области.
Воедно дел од средствата ќе обезбедат поддршка за локалните граѓански организации во Битола, Тетово и Штип за надгледување на локалните власти во областите животната средина, трошење на јавни пари и урбанистичко планирање и за застапување кое се базира на барањата и приоритетите на граѓаните.
Финансиска поддршка добија над 35 граѓански организации кои активно работат и придонесуваат кон заштита и промоција на вредностите на отвореното општество.”
-соопштуваат од ФИООМ.


