Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев преку социјалните мрежи упати своја порака проследена со видео изјави на најодговорните поединци во државата за актуелната состојба со корона заразата која драматично се влошува во последните неколку денови.
Најмногу заболени, најмалку тестирани, најмногу починати. Нивната нова нормалност е ненормалност.
Македонија не може да живее нормално, додека луѓе умираат поради нивната неспособност.
Виновни се!
-напиша на фејсбук Јанушев.
Во продолжение погледнете го видеото во прилог на реакцијата на Игор Јанушев со изјавите на Зоран Заев, Венко Филипче и Оливер Спасовски во врска со новата нормалност:


