По објавените бомби на јутјуб денеска во кои се слуша гласот на Зоран Заев, Македонија го живее своето најниско ниво на политичка коректност.
По отварањето на Пандорината кутија во 2015 година лично од Зоран Заев со јавното емитување на прислушкуваните разговори на тогаш челните луѓе од власта, денеска во 2020 година овој начин на политичка пресметка е повторно присутен и дополнително се разгорува.
Од целата оваа ситуација најголеми губитници се граѓаните кои што наместо да имаат власт која што се занимава со нивните проблеми кои што се вивнаа до небесата со актуелната власт, со секој нов ден се наоѓаат подлабоко и подлабоко во мочуриштето од кое многу тешко ќе може да се излезе.
Двата аудио клипови споделени на денеска на социјалните мрежи се повеќе од шокантни можеби за оние кои што не го познаваат Зоран Заев, но за оние кои што барем малку имале можност да бидат во негово присуство ваквите негови зборови не се ни најмалку изненадувачки:


