Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари работна средба со претставниците на Конфедерација на слободни синдикати на Република МАкедонија при што беа дискутирани повеќе точки од програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата- “Проект: ОБНОВА” кои што практично се барања на самиот синдикат и работниците.
Во продолжение во целост ја пренесуваме изјавата на Мицкоски од самиот настан:
“Денеска со претставниците на синдикалната организација, Конфедерација на слободни синдикати, разговаравме за практично нивните политики коишто идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги имплементира и практикува. Време е да се започне дијалогот со синдикалните организации, да се ослободат од стегите на оваа криминална власт!”


