Вчера под закрила на Малешевските планини се одбележа 114 годишнината од смртта на Македонскиот револуционер, војвода, прв секретар на Македонската револуционерна организација Дамјан Даме Груев.
Во организација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Берово со почеток во 09.30 часот се одржа панихида за Даме Груев и загинатите негови соборци Сандо Китанов Георги Карчов и Георги Поп Стојанов кои што загинале во 1906 година во непосредна близина на врвот Петлец на Малешевските планини. Свештени лица на Беровското архиерехско намесништво заедно со присутните десетици граѓани почитувачи на ликот и делото на Даме Груев се помолија за душите на Македонските херои кој на 23 декември пред 114 години загинале под врвот Петлец на Малешевските планини.
Потоа повеќе делегации на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од нивните структури оддадоа должна почит и се поклонија пред ликот на бистата на Даме Груев во центарот на селото Русиново.
Од тука членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки по завршување на протоколот упати силни пораки за обединување на Македонскиот народ за надминување на сите премрежја со кои се соочува тековно.
Потоа присутните се упатија кон Врвот Петлец на Малешевските планини каде загинале Македонските јунаци во нерамна борба со отоманските власти во 1906 година.


