Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во ударните термини на повеќе национални телевизии веќе неколку денови зборува за претстојниот попис кој што тој како дел од надлежните институции треба да го спроведат во државата од име на власта.
Во своето гостување на една од националните телевизии тој се закани на граѓаните со затворски казни и до пет години затвор за оние Македонци кои ќе одбијат да седадат информации на попишувачките одбори.
„Првиот обид да не се излезе во пресрет да се дадат податоци, а е обврска по закон ќе биде санкциониран. Ќе биде санкциониран. Ние ќе поднесеме пријава, ние не сме казнена институција меѓутоа ќе поднесеме до обвинителството. Но, ќе поднесеме и на мотиваторот на таквото дејство“, нагласи Апостол Симовски.
Симовски потенцираше дека ако не се излезе во пресрет за време на пописот тука веќе се сноси и кривична одговорност, а казните во законот предвидуваат 5 години затвор.
„Се надевам дека ќе има доволно памет во оваа држава“, рече Симовски.


