Законскиот рок за исплата на субвенциите на земјоделците кој што беше 30 јуни е поминат. Веќе сите аргументи на за одлагањето на исплатата на субвенциите на земјоделците не постојат.
Денеска во Прилеп ќе биде реализирана координативна средба на претставници на земјоделските здруженија со единствена точка на дневен ред- одредување на датум за протест или протести. Масовните протести се за да се изрази револт на односот и третманот на институциите кон земјоделците. Субвенциите се пари кои што со закон им припаѓаат на земјоделците и земјоделците не треба да се делат на наши и туѓи, подобни и неподобни, по вера или по политичка определба, затоа што проблемите и маката на сите земјоделци е иста.
Ова се главните пораки кои стојат во дел од соопштението упатено до јавност од страна на еден од претставниците на земјоделските здруженија кои што се иницијатори на протестите.

Револтот на земјоделците кулминираше со изјавата на директорот на платежната агенција за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој за порталот Зелена берза кога најави дека субвенциите наводно ќе бидат исплатени во месец август и тоа пак по некаков редослед кој што тој го соопштува во неговата изјава.


