На социјалните мрежи на фејсбук страната на подмладокот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Делчево поставена е анкета на која граѓаните ќе можат да гласаат за најдобриот излажан-нереализиран проект од програмата на Градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски:
“Гласај за најдобриот И З Л А Ж А Н – Н Е Р Е А Л И З И Р А Н проект од програмата на Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски:
за Изградба на патот Делчево-Црна Скала
за набавка на ново современо противпожарно возило
за доизградба и доуредување на кејот на река Брегалница
за реконструкција на мост на ул. Индустриска”
-стои на фејсбук страната на УМС НА ВМРО-ДПМНЕ Делчево


