Пратеникот Бране Петрушевски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска му го чуваше грбот на Димитар Апасиев во рамки на расправата за Законот за државјанство на која претседателот на Левица иако најави дека ќе учествува, сепак денеска беше отсутен од седницата.
Петрушевски смета дека Димитар Апасиев а со тоа и Левица прават лажна слика во јавноста конфронтирајки се со ВМРО-ДПМНЕ како опозиција, а ваквата пресметка оди во полза единствено на Зоран Заев и актуелната власт.
Притоа пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го запраша Апасиев дали е искеширан.
Целата реакција на Бране Петрушевски пренесена преку социјалните мрежи ја пренесуваме во продолжение:
“
Естрадниов турбо-фолк политичар, откако вчера најави дека ќе го брани “конечното обезличување на македонскиот народ”, денес не се појави во Собранието![]()
Го немаше на Комисијата за европски прашања, каде на дневен ред беше Законот за државјанство, па грбот му го чуваа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
Го немаше на Комисијата за политички систем, каде на дневен ред беше Законот за лична карта, која не се оддржа поради немање претставник на Владата.
Претходно исто најавуваше дека ќе прави “големата” и бараше да пратат обезбедување, но и тогаш го немаше. Денес е втор пат како пратениците на ВМРО-ДПМНЕ му го чуваат грбот, а по секојдневните негови навреди кон нас, тешко дека ќе има и трет пат. Лесно е да се прави фама на социјалните мрежи, со цел создавање на лажна слика демек ВМРО-ДПМНЕ ништо не прави, но тоа оди исклучиво во интерес на Зоран Заев.
Вистината е сосем различна, а од кои побуди тоа го прави фејсбук политичарот и дали е искеширан за тоа,нека си каже самиот.
Со оглед дека денес не бил на работа, единствено корисно што може да направи за државата е да ја донира денешната дневница на некое социјално загрозено семејство.”


