“НАСТАВНИЧЕ СЕДИ-КЕЦ!!!
Ваква оцена жителите на населбите Први, Втори и Трети реон би требало да му дадат на поранешниот наставник по математика, со оглед на ветените и излажани проекти за овие три населби во Делчево.
Колку насмевки ![]()
![]()
на извадокот од програмата на Горан Трајковски можете да забележите во продолжение???
Овие насмевки всушност треба да бидат ![]()
![]()
затоа што во целост е изневерена довербата кај жителите на Први, Втори и Трети реон кои имаа огромно очекувања од Горан Трајковски во 2017 година.Пред крајот на неговиот мандат можеме да констатираме дека од овие ветени 23 (7+7+9) проекти за жителите на Први, Втори и Трети реон, Горан Трајковски има реализирано само два и тоа проекти кои ги продолжи од претходниот градоначалник.
Дали овие нереализирани проекти ќе бидат повторно застапени во новата програма на Горан Трајковски со која пак ќе ги лаже делчевчани останува да доживееме….”
-Реакција на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ упатена преку социјалните мрежи.


