Кандидатот за градоначалник на Виница од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Миле Петков з апретстојната кампања најави дека ќе биде максимално позитивна и афирмативна за проектите и визијата кои тој ги планира да ги спроведе како градоначалник на Виница.
Истовремено Миле Петков најави дека нема да дозволи неосновани и лажни напади кон него и го осуети обидот на СДСМ Виница да го дискредитираат со подметнување на лажни информации. Притоа Петков побара јавно извинување од партијата на власт во Виница кои на социјалните мрежи споделиле лажна пристапница од Миле Петков.
“Почитувани сограѓани,Како што и најавив кампањата што ќе ја водам јас и мојот тим ќе биде позитивна и целиот овој период ќе ви биде презентирана нашата визија, план и стратегија за развој на општина Виница.Ќе ги презентираме и образложиме проектите кои заедно со Вас ги избравме да бидат дел од изборната програма, со која ќе ја бараме вашата поддршка. Негативната кампања, лагите, манипулациите, клеветите и навредите кои изобилуваа во вчерашната објава на фејсбук страницата на СДСМ Виница не се и никогаш нема да бидат дел од моето политичко дејствување.
Но секако нема да дозволам неосновани и лажни напади кон мене. Поради тоа им давам рок од 24 часа на СДСМ Виница да се извинат и да ја повлечат објавата на нивната фејсбук страница во која беше објавена ЛАЖНАТА пристапница, чиешто објавување само по себе повлекува неколку кривични дела.Доколку не се извинат и не ја повлечат објавата за жал ќе бидам принуден мојот углед и чест да ги бранам пред суд.
Со почит, Миле Петков кандидат за градоначалник на општина Виница.”
-напиша Миле Петков на фејсбук.


