• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион

Бошко Цветковски за Лозово: Kрај на поделбите, и на нетрпеливоста! Промени на политиката на локално шерифување на поединци

септември 5th, 2021 Регион коментари 398

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Бошко Цветковски за Лозово: Kрај на поделбите, и на нетрпеливоста! Промени на политиката на локално шерифување на поединци

Напредокот на општината е цел кон која сите заедно мораме да работиме и да се залагаме. Како човек кој досегашниот животен век го поминал во општина Лозово ја знам душата на секое населено место, ги познавам секојдневните маки и проблеми со кои се соочуваат граѓаните, бидејќи тоа се мои маки и проблеми,  истакнува Бошко Цветковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Лозово.

Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција:

Лозово е нашиот заеднички дом, ама не вакво какво што е денес. Какво е тоа Лозово во кое секојдневно младите заминуваат, а селата се празнат. Со населени места кои во 21 век немаат здрава и чиста вода за пиење, со пад на електричниот напон по секоја промена на временските услови. Села кои се се уште со септички јами, неисчистени улици и непроодни патишта во зимскиот период. Депонии на секој чекор. Се поголем број на граѓани и семејства кои живеат под прагот на сиромаштија или се наоѓаат во положба на социјален ризик. Земјоделци кои мака мачат да го продадат она што го произвеле и едвај врзуваат крај со крај. Нефункционални месни заедници, маргинална улога на младите, затворена и заробена Општина. Општина во која секојдневно административни службеници излегуваат во јавност и јавно бараат помош од институциите како би ја запреле голготата која секојдневно ја доживуваат од локалните шерифи.

За тоа јас и мојот тим преземаме голема обврска и сиот наш интегритет, интелектуален капацитет, секој атом од нашата сила и енергија ќе го вложиме во конечна победа на сите пречки што се исправиле на патот на прогресот на нашата општина.

Како градоначалник на општина Лозово пред граѓаните ќе понудам концепт на одговорно работење и ќе бидам подготвен да им излезам во пресрет за сите потреби и информации и помош во решавање на нивните проблеми. Ќе се залагам за зголемена ефективност и одговорност на локалните власти во нивното работење и поголема вклученост на граѓаните во донесувањето на одлуки за прашања што за нив се од суштинско значење.

Токму за тоа наши основни приоритети ќе бидат:

  • Стоп за регионалната фабрика за уништување на мрши.
  • Градиме инфраструктура за сите населени места подеднакво.
  • Лозово да биде чиста животна средина.
  • Локален економски развој, повеќе пари кај граѓаните, еднакви можности за сите.
  • Општина на социјална сигурност, повеќе пари за социјални трансфери.
  • Квалитетно образование за сите.
  • Квалитетни и одржливи комунални услуги.
  • Младите во фокусот на локалните политики.
  • Транспарентна, отчетна, услужна, правична и отворена општина за сите граѓани.

Визијата, стратегијата и планираните активности треба да бидат реални и возможни за имплементација од страна на општината, а не само нејзини желби и соништа.

Цврсто верувам дека со мојот начин на работа ќе успеам проектите содржани во програмата да ги исполнам во целост и да постигнам видливи резултати.

За тоа ве повикувам сите заедно да ги започнеме промените и да означиме крај на омразата, на поделбите, и на нетрпеливоста, на политиката на локално шерифување на поединци.

Ако си еден од тие кои ги потценија, ако ти направија неправди, ако пробаат да те излажат, ако мислат дека може да те поседуваат тогаш секој од вас знаат што е одговорот. И знам дека ќе ја добиеме оваа битка, сите заедно рамо до рамо сложно  овде во нашето заедничко Лозово ќе славиме нов почеток и промени за подобар живот за сите нас.

  • Ознаки
  • Бошко Цветковски
  • Општина Лозово

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Онлајн анкети со убедливо водство на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во Брегалничкиот регион
Следна објава Власта во Штип во паника! Фатени во обид со лаги да манипулираат во јавност соочени со низок рејтинг и безидејност
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 432
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 640
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 598
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 693
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 632
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 488
Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево
Граѓани

Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево

ноември 19th, 2022 1492
Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!
Граѓани

Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!

ноември 17th, 2022 428
Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Институции

Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 17th, 2022 648
Жена на денот
Ова е Дева Касел- ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел. Дали со убавина ги надминува своите родители?

Ова е Дева Касел- ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел. Дали со убавина ги надминува своите родители?

1608
Маж на денот
Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

1687
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4272
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
"Денес над Македонија"- Химна на Република Македонија
Македонска бесмртност

"Денес над Македонија"- Химна на Република Македонија

Јул 5th, 201919
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање
Матна Брегалница

Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање

Јун 3rd, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.