Дева Касел е родена на 12 септември во 2004 година. На свои 15 години стана заштитно лице на Долче и Габана во промотивната кампања на новиот женски парфем “Долче Шајн” кој што беше пуштен во продажба пролетта 2020 година.
Како и нејзината мајка Моника Белучи, иднината на Дева се чини предодредена во светот на убавината, модата а можеби и актерството. Самата Моника Белучи била заштитно лице на познатиот италјански бренд и тоа повеќе сезони, но сега редот е на младата Дева, која иако само со нејзините 15 години храбро се впушти во светот на модата каде владее силна конкуренција.
За самата Моника Белучи оваа модна епизода на нејзината ќерка е само една изолирана кампања и категорично застанува во заштита на својата ќерка од љубопитните очи на светската јавност:
-“Тоа е само една кампања. Таа ќе оди на училиште.”
-одлучно порачала Белучи за иднината на својата ќерка, напомнувајки дека Дева сакала да го проба ова ново искуство кое и било понудено, сакајки да си докаже себеси дека може да влезе во светот на бизнисот и успешно да се справи со предизвикот.
Дева Касел е ќерка на Моника Белучи од врската со францускиот актер Винсент Касел.
Ги има сите предиспозиции да биде успешна жена како нејзините родители, а најмногу сака да ужива во секојдневието кое и го нуди нејзината младешка возраст како и секоја млада девојка на нејзина возраст, што може да се заклучи од нејзините фејсбук и инстаграм профили и интересите кои ги споделува со јавноста.
Заедно со својата мајка покрај себе Дева Касел се најде во центарот на насловната страна на модното списание “Vogue”, симболично посочувајки која од нив двете сега се наоѓа на тронот.
Очигледно е дека светот го очекува многу возбудливи финеси од животот и работата на младата Дева, што со нетрпение ги чекаат како ппомладите така и повозрасните генерации за да видат дали таа ќе го продолжи блескавиот ѕвезден пат на нејзината успешна мајка.
Во продолжение пренесуваме неколку впечатливи фотографии од досегашното портфолио на младата Дева КАсел:
[Best_Wordpress_Gallery id=”158″ gal_title=”Deva Cassel”]