Во услови на потенцијална експлозија на пандемијата со Коронавирусот, медицинските лица во Македонија се соочуваат со скандалозен недостиг на заштитни сретства во рамки на нивната работа.
На социјалните мрежи во повеќе форуми и групи се појавија барања од страна на медицинскиот персонал кој се жртвува себеси на првите борбени редови со заразата буквално без минимум заштитни сретства.
Не е ни чудо што голем број од новозаразените лица во Македонија се лекари и медицински работници кои се најизложени на трансмисијата на вирусот.


