Познатиот светски астроном и физичар Галилео Галилеј (1564-1642) ги има нацртано со водена боја првите реалистични цртежи на најголемиот земјин сателит- месечината.
Шесте цртежи на месечината се нацртани во период ноември- декември 1609 година и ја претставуваат месечината во шест различни фази од нејзиниот живот, додека познатиот астроном ја набљудувал преку неговиот телескоп есента 1609 година.
Оваа фотографија од историските цртежи е снимена во Централната национална библиотека во Фиренца


