Со сите чекори кои што Зоран Заев и останатите одговорни лица во врвот на власта ги превзедоа во врска со пожарот во кој што изгореа живи луѓе во тетовската модуларна болница, во изминатите 7 денови, Зоран Заев и дебело платената ПР пропаганда работат на линија на менаџирање на ефектот од штетата од настанот во јавноста.
Во синоќешната жестока емисија “Заспиј ако можеш” Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ги именуваше фактите и процесите во државата со нивното вистинско име, вперувајки прст кон најодговорните лица за сите негативни појави што се случуваат над главата на обичниот македонски граѓанин.
Токму за пожарот цо тетовската модуларна болница во кој според информации на власта изгореле 14 живи луѓе, Николоски го обелодени начинот на кој што власта предводена од Зоран Заев се обидува да ја менаџира темата со цел да го оттргне вниманието на јавноста од истата и да ја минимизира штетата по себе, сопственото владеење и да ги заштити функционерите од неговиот најблизок круг.Во врска со оставката на Венко Филипче дадена до Зоран Заев, Николоски ја разоткри вистината за истата:
“Тоа е материјална дискусија доколку имаме ние од другата страна луѓе кои што чесно би влегле во работата. Овде оставка нема! Да не се лажеме, ниту ние, ниту јавноста. Од сам почеток немаат цел да се случи оставка. Од сам пчеток имаат цел да се менаџира процесот. И сега како изгледа менаџментот: Отидоа првата вечер, мислеа дека ќе ќарат поени на сликање. Ги избркаа од таму, ги иссвиркаа, па се повлекоа… па сега што правиме… па два три дена велеа дека се е во ред, за на крај да заклучат дека не се продава таа приказна во јавност. После тоа кога видоа дека притисокот за оставки е неодржлив рекоа ај ќе си даде економскиот директор (не ни знаеме што е економски директор) на болницата- оставка. Па не издржаа, па тој главниот директор, брат му е нели Министер за финансии, бидејки нема непотизам во Влада, во ДУИ најмалку. Па и тоа не помина, па ај замеников, и тоа не помина и ај Филипче ќе си даде. Ама се сите договорени дека всушност нема да си дадат оставки. И сите тие се на работа, плата ќе земаат и за септември месец, затоа што не им се ефектуирано оставките. И после доа продолжија со менаџирање на процесот на начин што се обидуваат да извршат сериозен притисок врз голем број медиуми ( имам таква информација) да воопшто не ја третираат темата. Сериозен- жесток притисок вршат врз сопственици на медиуми да темата воопшто не се експлоатира во јавноста. Па прво пробаа средба со Ангела Меркел, но се избањаа бидејки видоа дека канцеларката беше во Белграт и во Тирана ама не дојде во Скопје, нели кај големиов “реформатор” и “признат од меѓународната заедница”. Па после се обидоа со non-paper, кој што го има куцано Никола Димитров- вака да не ја замајува јавноста. Еве ексклузивно за вечерва: Автор на non-paper-от за односите со Бугарија е Никола Димитров со цел да се дефокусира вниманието на јавноста. И тој затоа знае дека граматички е неточен бидејки тој го има правено. Еве нека ме демантира, сега дали тој сам го куцал или му го диктирал на некого па некој друг го куцал е прашање на техника. Возможно е и секретарката да го куцала, овој да го диктирал, значи автор на non–paper-от е Никола Димитров со цел да се дефокусира. Ама и народот не се “фати ан таа јадица”. Како никогаш претходно се држи тема, затоа што поголема тема од ова нема. Суштината на оваа тема не е дека се само изгубени човечки животи. Туку суштината е дека се изгубија човечки животи таму каде што луѓето одат да се спасат животи. Значи луѓето одат да си го спасат животот во болница и болницата гори заради мафијаши. Затоа што ова што се случи е комбинација од неспособност и криминал. Значи “дудуци” ставаат на раководни позиции, “дрва” ставаат на раководни позиции и паралелно крадат. И кога ќе се спојат двете работи чинат човечки животи 14-15 или 20 затоа што досега никој не објави список во јавноста колку луѓе го загубија животот и веројатно секое семејство мисли дека нивниот починат е еден од тие 16 или 15.”
-рече Потпретседателот Александар Николоски во своето синоќешно гостување во емисијата “Заспиј ако можеш” на ТВ АЛФА.
Николоски обелодени еден потресен факт во јавноста дека еден од членовите на семејството кој што бил присутен во модуларната болница во критичниот момент бил ставен пред избор да мора да ја спасува мајка си или братот, затоа што немал време да ги спаси и двајцата.
Целата емисија која изобилува со серионо- опасни аргументи против актуелните власти како одговорни за се што се случува во нивните ресори, може да ја погледнете во продолжение:


