Кандидатот за градоначалник на Делчево Д-р Николчо Стојменовски од ВМРО-ДПМНЕ преку своја видео порака упатена преку социјалните мрежи денеска во јавноста афирмираше еден од позначајните проекти во неговата предизборна програма.
Станува збор за целосно уредување на кејот на реката Брегалница долж целокупното градско јадро на Делчево со што градот и делчевчани ќе добијат преубаво место за разонода и рекреација кое што на градот ќе му даде досега невидена убавина и репрезентативност.
Нема да дозволиме повеќе ова место да биде лоша слика од која сите ќе се срамиме. Ќе изградиме нов и модерен кеј кој што ќе биде вистинско место на обединување а не на поделби


