На социјалните мрежи започната е онлајн петиција за враќање на старите дресови на Македонската фудбалска репрезентација со препознатливата црвена боја со зраци на златножолто сонце, дизајн кој одговара на боите на Македонското знаме.
Наместо афирмирање на добропрепознатливите бои на Македонија во светски рамки, актуелното раководство на Фудбалската федерација на Македонија дизајнираше нови дресови за Македонските фудбалери кои што повеќе наликуваат на дресовите на Летонија.
Поради вакви причини на социјалните мрежи масовно се споделува онлајн петиција под името “Македонија на ЕП во старите дресови!”со која што потписниците бараат враќање на старите добропрепознатливи дресови со кои македонските репрезентативци го изборија своето учество во квалификациите за Европското првенство.
“Го имавме можеби најубавиот дрес која некоја фудбалска репрезентација го имала! Наместо, да играме со дресот кој носеше радости и победи, дресот за кој целиот фудбалски свет зборуваше колку е уникатен и убав, стручњаците во ФФМ решиле да направат нови дресови, кои воопшто не ја содржат препознатливата црвено-жолта боја и личат како дрес на Летонија. Срамота! Додека не е предоцна, повлечете ги овие дресови од употреба, вратете ги старите и претставете ја Македонија во најдобро светло!”
-стои како објаснување во прилог на онлајн петицијата која до моментот на објавување на оваа статија ја имаат потпишано над 11 200 граѓани за само 20-тина часови.
Петицијата е достапна на сл. линк http://chng.it/Bt96L8WSx5