Драган Ковачки- пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска со свој коментар во јавноста ги разобличува намерите и лагите на актуелните официјални лица кои работат во насока на распродажба на Македонските национални интереси во тајни преговори со официјалните лица од бугарска страна.
“Премиерот вели дека преговорите со Бугарите мора да се тајни, додека министерот за надворешни вели дека немало тајни во преговорите. (?!)
Премиере, како тоа преговорите се тајна за најголемата партија во Собранието, но не се тајна за Владата во Софија? На која држава сте Премиер, пред кого одговарате за Вашата работа, пред соседите или пред Собранието на Македонија? Кој лаже, Вие или Османи?
Згора на тоа, министерот за надворешни тврди дека за Гоце не требало да се расправа во јавност, туку дека тоа требало да го прават историските комисии.
Министре, престанете да манипулирате, таа историската комисија не е дел од некој институт по историја или под МАНУ, туку е под политичка капа на Министерството за надворешни, а лица под Ваша директива вршат притисок врз членовите на комисијата.”
-соопшти Драган Ковачки преку фејсбук.


И за крај, Османи потврди дека државата нема да се грижи за Македонците во Бугарија, бидејќи после Преспанскиот Договор со Грција (во кој помагаше и Бојко Борисов), тој член го избришаа од Уставот. Така е министре Османи, вие повеќе имате разбирање за 120 Бугари да влезат во македонскиот Устав, отколку да се спроведат пресуди на Европски Суд за Човекови Права.


