Денеска во Скопје беше реализирана интензивна обука на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од општините од западниот дел на државата.
Обуката ја спроведе шведската фондацијата “Jarl Hjalmarson foundation” поранешните градоначалници Марјан Ристески од Прилеп и Коце Трајановски од Скопје. Оваа обука ќе им послужи на градоначалниците да реализираат што е можно поголем број на квалитетни проекти за подобрување на животниот стандард на граѓаните во нивните општини.
Претходната недела ваква обука се реализираше и со градоначалниците од источна Македонија.


