• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Советот на Македонските заедници на Австралија ја осудува хиерархијата на МПЦ во врска со декларацијата со вселенскиот патријарх

мај 16th, 2022 Македонија коментари 337

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Советот на Македонските заедници на Австралија ја осудува хиерархијата на МПЦ во врска со декларацијата со вселенскиот патријарх

На 09 мај 2022 година Светиот Синод на Вселенската Православна Патријаршија издаде Декларација, во име на патријархот Вартоломеј, со која се прифаќа Македонската православна црква во „Евхаристиско заедништво“ со Вселенската Православна Црква. Сепак, Указот не го признава автокефалниот статус на Македонската православна црква, кој беше самопрогласен во 1967 година.Уредбата, исто така, ја отстапува одговорноста за административното регулирање на конечното прифаќање на Македонската православна црква како автокефална и независна членка на „Православното семејство“ на Српската православна црква, чија јурисдикција над Македонската архиепископија сè уште ја признава како валидна. Имено, во Уредбата намерно се избегнува употребата на името „Македонска православна црква“, а Црквата се нарекува „Охридска“ црква, што само делумно се однесува на додатокот што го користи самата МПЦ, поточно „Охридска архиепископија“.Изјавите дадени јавно после Декларацијата од страна на политичките и верските лидери во Република Македонија нашироко ја поздравуваат иницијативата на Патријархот.Советот на македонските заедници на Австралија изразува длабоко жалење и загриженост во однос на овие случувања.

Крис Ангелков, претседател на Советот, изјави дека „ставот на нашите конститутивни членови и на значајното македонско население во оваа земја што тие го претставуваат, е дека ставот што го усвои Светиот Синод на Македонската Православна Црква, особено решението да го „поздрави“ и да се „поддржи“ иницијативата на Вселенскиот Патријарх, претставува капитулација пред оние страни кои постојано се противат не само на глобалното признавање на Македонската православна црква, туку и на самиот идентитет на македонската нација и нејзиниот народ и сите нивни етно-културни атрибути“.Ангелков ја продолжи изјавата кажувајки дека „јасно е дека сега се поставени одредени предуслови за конечно прифаќање на Македонската Православна Црква на еднаква основа со сите останати сестрински православни цркви. Тие вклучуваат имплицитно преименување на Црквата во „Охридска Црква“, како и наводен пат кон целосно прифаќање преку шовинистичките политики и практики за ова прашање на Српската православна црква. Овие предуслови не само што се целосно неприфатливи, туку се навистина и понижувачки за македонскиот народ, и секако за нашите побожни православни христијански парохијани“.Советот смета дека, во најдобар случај, црковното раководство се согласува со континуираните обиди за „денационализирање“ на македонскиот народ од традиционално заинтресеирани фактори кои историски го угнетувале Македонците и ги негирале не само нивните основни национални и човекови права, туку и самите карактеристики што ги дефинираат нив во однос на нивниот јазик, култура и религија, меѓу другите атрибути. Ангелков додаде дека „фактот дека црковната хиерархија во Скопје може да биде соучесник во таквите дејствија е навредливо и во крајна мера ги повредува чувствата на Македонците насекаде“. Тој додаде дека „ослабувањето на нашиот основен идентитет и наследство на овој начин едноставно за да се добие прием во „елитен клуб на православието“ е деградирачко. Ова не е нешто што би требало да се очекува од нашите просветени и принципиелни духовни водачи.

Советот смета дека „отстапувањето“ конечната судбина на нашето легитимно право да ги одредуваме нашите верски работи и да бараме поддршка за тоа право од целата православна заедница, на Српската православна црква, особено со оглед на историските пречки во тој однос, е анахроно и не може под никакви околности да се поклопи со каква било потенцијална корист или предност за Македонската православна црква, нејзините верски и духовни приврзаници и македонската нација во целина. Тоа е уште еден чин на „покорување“ со цел да се добие одредена опиплива корист за неколку носители на одлуки со „отворено себични интереси“.Ангелков заклучи велејќи дека „ова е едноставно плаќање на превисока цена “. Размислувајќи за неодамнешната „деморализација“ предизвикана од „тотална капитулација“ на политичкото раководство во Републиката што доведе до „Договорот од Преспа“ со Грција, и поновото „флертување“ со Бугарија за историски и културни прашања што исто така носи со себе „огромна несигурност и ризици во овој момент“, Ангелков додаде дека „Македонската Православна Црква е црква на македонскиот народ и никој нема право да ја негира нашата легитимна употреба на ова свето име. Не ни е гајле ако другите православни цркви воопшто не не признаат. Македонската православна црква никогаш не смее да го отстапи своето име и независност на нашите традиционални угнетувачи кои го негираат самото постоење на македонската нација, јазик, историја и култура, за свои погрешни и себични цели. Македонците во другите региони на Македонија, како и во Дијаспората воопшто, се составен дел на македонската нација.

Недвосмислено изјавуваме дека никакви себични лидери, било тие да се политички, религиозни или било какви други, немаат право, без наша изречна согласност, да се пазарат и за возврат трајно да ја ослабат самата суштина на нашиот горд и единствен идентитет“.Советот го повикува Светиот Синод на МПЦ веднаш да го преиспита својот став по ова витално прашање. Го повикува политичкото раководство во Републиката да ги исполни и своите морални обврски во овој поглед и конечно да ги исполни ветувањата дадени на различни начини низ годините, но особено во 1944 и 1991 година, за изградба на успешна македонска држава под „ново сонце на слободата“.

Неодамнешните неуспеси на црковната хиерархија во Скопје, особено во врска со ситуацијата во Австралиската епархија, објективно доведоа до создавање на простор меѓу Македонците во оваа земја каде полека почнаа да се вкоренуваат мислите за понезависен црковен пат и живот.

Повтореното носење на неразумни решенија во овој поглед од страна на црковните великодостоиници може само да создаде поплодна почва за идни радикални решенија. Тоа семе, под одредени околности, може само да се рашири се побрзо низ македонската дијаспора.

(16 мај 2022)

Забелешка Видете ја англиската верзија на Декларацијата подолуЗ

а повеќе информации, ве молиме контактирајте:

Претседател – Крис Ангелков

Е-пошта – chairman@mcca.org.au

Секретар – Мајкл Радин

Е-пошта – secretary@mcca.org.au

THE ENGLISH VERSION OF THE DECLARATION OF PATRIARCH BARTHOLOMEW:

The Holy and Sacred Synod convened today, Monday May 9, 2022, under the chairmanship of His All-Holiness Ecumenical Patriarch Bartholomew, and discussed extensively the ecclesiastical matter of Skopje. Having assessed in its final stage the petition of appeal of that Church to the Mother Church, along with the repeated pleas of the State of North Macedonia, it made the following decisions:

1. It welcomes into eucharistic communion the Hierarchy, clergy and laity under Archbishop Stefan of this Church, thereby healing the wound of schism and pouring “oil and wine” on the ordeal of our Orthodox brethren in that country. To this end, the appropriate Patriarchal and Synodal Act is issued.

2. It cedes to the Most Holy Church of Serbia the regulation of the administrative matters between itself and the Church in North Macedonia, in the context of course of the sacred canonical order and church tradition.

3. It recognizes “Ohrid” as the name of this Church (understood as the region of its jurisdiction solely within the boundaries of the territory of the state of North Macedonia), as also promised in writing to the Ecumenical Patriarchate by its Primate. Thereby excluding the term “Macedonian” and any other derivative of the word “Macedonia.

”The Ecumenical Patriarchate continues to express interest for the growth, progress and stability of this ecclesiastical entity of Ohrid, just as it has done through the centuries for all the local Orthodox Churches, as “the inn of love, the source of piety of all Orthodox Christians” (Metropolitan Paul of Drama).

At the Patriarchate, on May 9, 2022

From the Chief Secretariat of the Holy and Sacred Synod

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Градоначалникот Папазов денешниот празник го празнуваше со жителите на село Оризари
Следна објава ЛМС – Кочани и Црвен крст реализираа показна вежба за укажување на прва помош за младата популација
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 729
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 660
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 685
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1338
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 615
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 711
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 378
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 470
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 692
Жена на денот
Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

1633
Маж на денот
Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

1149
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Обединување зад заедничките интереси во Македонија на рамноправни граѓани каде ќе се вредува капицитетот на индивидуата
Колумна

Обединување зад заедничките интереси во Македонија на рамноправни граѓани каде ќе се вредува капицитетот на индивидуата

Апр 7th, 202221
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201920
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201920
Македонската Заедница во С.Р.Германија со голема огорченост и незадоволство ги отфрлува и негира резултатите од пописот
Европа

Македонската Заедница во С.Р.Германија со голема огорченост и незадоволство ги отфрлува и негира резултатите од пописот

Апр 4th, 202220
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.