Вработени во одделението за јавна чистота и зеленило од Македонска Каменица спроведоа голема еко-акција за чистење на повеќе јавни простори. Беа исчистени голем број ан површини на неколку локации пред се кои што злужат за одмор и рекреација при што беше собрана поголема количина на комунален смет.
“Вработените во ЈП Камена Река задолжени за одржување на јавната чистота и зеленило, спроведоа редовна еко акција за чистење на повеќе јавни простори, во приградските средини, предвидени за одмор, разонода и релаксација на граѓаните.
Апелираме до граѓаните за совесно користење на поставената урбана опрема на овие простори, заеднички придонес и грижа кон зачувувањето на чистата животна средина и јавната чистота на заедницата во иднина.”
-информираат од ЈП “Камена Река” од Македонска Каменица.


