Повеќе вработени на Јавното претпријатие “Стипион” од Штип денеска беа на терен со цел за санирање на прекопи на сообраќајници во населбите Македонка и Чардаклија, кои што поради дотраеност претставуваа проблем за возачите кои гравитираат по истите.
Дополнителни човечки ресурси на претпријатието беа распоредени за логистичка поддршка на реализацијата на настани од Штипско културно лето, почеток на активности за поставување на осветлување на потегот од 8-ми Ноември до населбата Балканска, како и обновување на хоризонталната сигнализација на улиците во Штип.
“Дневни активности на Стипион 05.07.2022
Подготовка за санирање на прекопите во населба Македонка
Поставување на бина за ШКЛ
Подготовка за санирање на прекопите во Чардаклија
Припрема за осветлување на патеката бетонирање на стопи од 8ми Ноември до населбата Балканска
Ноќно бележување на сообраќајната сигнализација во градот со течна пластика ( долготрајна боја)”
-информираат од јавното претпријатие “Стипион” од Штип.