Овие фотографии снимени пред малку се речиси секојдневие во Делчево. Се разбира со исклучок на деновите кога заврне подолготраен дожд и за одреден период ја изгасне делчевската депонија.
Ваквата состојба е далеку поалармантна затоа што поради несоодветноста на оваа градска депонија , чадот носен од локалниот ветар директно налегнува во најниските делови покрај реката Брегалница како потежок каде што е лоцирано градското јадро на Делчево.
Дополнително падинските подземни води на околниот планински масив кои истекуваат низ ова подрачје на депонијата претставуваат уште еден проблем за жителите на селата Полето и Очипала како и пригратската населба Басарица.
Проблемот со дислокација на оваа депонија постои повеќе години, а извесни чекори во насока на решавање на ова горливо прашање беа започнати во 2015 и 2016 година како регионален проблем, но од тогаш стагнира решавањето на истиот.
Општина Делчево како надлежна институција за управување со оваа деппнија преку ЈПКД Брегалница, очигледно остануваат неми за ваквиот проблем кој оставаат природата со врнежите да го решава, со оглед на долготрајноста на истиот.
Прашањето е: ДО КОГА?