Во петокот вечер репрезентативната сала на новиот театар во Скопје беше претворена во навивачка трибина.
Она што треба да биде врвен културен и духовен храм на Македонската интелигенција и општествени дејци од целата држава, всушност беше простор во кој можат да се слушнат скандирања налик некој стадион. Највисоката театарска институција во државата управувана од директорката Симона Угриновска и Министерот за култура Хусни Исмаили на Македонската јавност изворно, без кулиси и нечии прераскажувања успеа да бите тоа што еден театар всушност треба да биде:
Лика и прилика на состојбите во едно општество.
Сведоштво кое е вистинската слика за реалноста која ја живееме во последните години пренесена низ едно видео во продолжение:
Пораката е јасна.
Во петокот, со дозвола на Министерството за култура, како и самиот МНТ, во новиот објект на театарот се прославуваше 30 години постоење на навивачката група „Шверцери“, поддржувачи на Шкупи. Беше прикажан и документарен филм за навивачите од Чаир низ годините, а присутни беа и големи фудбалски имиња кои биле дел од клубот, како и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој пред неколку години беше и тренер на екипата.
Но, она што требаше да биде „гала свеченост“ на која се доделуваа и признанија, брзо се претвори во фудбалски стадион. Без ронка совест, „Шверцери“ ѝ плукнаа во лице на честа да прослават во институцијата која е врв на културата во Македонија.
Дополнително присуството на знамето на Албанија а отсуството на Македонското државно знаме на овој настан додава “шмек” за севкупен впечаток на ова слика.
Дали некој ќе сноси одговорност за ваквата неповолна состојба останува да видиме!


