Пратеникот Миле Лефков од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Кочани ја алармира јавнста во Кочани дека активисти на Општинската Организација на СДСМ во јавноста преку социјалните мрежи шират опасни лажни вести за измама на граѓаните во интерес на реализација на партиска агенда за агитација меѓу граѓаните.
За таа цел Лефков преку социјалните мрежи сподели и видео во кое се гледа како активист на СДСМ ги повикува граѓаните да дојдат на партиската средба на СДСМ а за возврат на тоа ќе можат да се вакцинираат против Ковид-19 за што е информиран и министерот за здравство Венко Филипче.
Во продолжение ја пренесуваме реакцијата на пратеникот Милсе Лефков:0
“Во Кочани, ОО на СДСМ организира партиски маалски средби со ромите со ширење на лажни вести преку свои активисти на социјалните мрежи кои “информираат” дека сите кои ќе дојдат на средбата можат да се вакцинираат и дека министерот Венко Филипче знае за тоа!МВР и ЈО да се јави за ширење лажни вести за Короната!


