• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Албер Ками: Уништувањето на Хирошима

август 7th, 2019 Македонија коментари 1237

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Албер Ками: Уништувањето на Хирошима

Механичката цивилизација штотуку стигна до последниот степен на дивјаштво

Навистина, среде толпата, дознаваме дека кој било град со просечна важност може да биде потполно збришан од бомба со големина на фудбалска топка. Американскиот, англискиот и францускиот печат нè засипуваат со елегантни расправи за иднината, минатото, пронаоѓачите, цените, пацифистичкиот повик и воените последици, политичките последици, дури и за независниот карактер на атомската бомба. Ќе сумираме сè во една реченица: механичката цивилизација штотуку стигна до последниот степен на дивјаштво. Ќе мораме, во блиска или подалечна иднина, да бираме меѓу колективно самоубиство или разумно користење на научните достигнувања.

Во меѓувреме, дозволено е да се мисли дека постои нешто срамно во тоа така да се слави едно откритие кое најпрво се става во служба на најстрашниот уништувачки бес кој човекот воопшто го изразил низ вековите. Ако во светот изложен на сите раздори на силите, неспособен за каква било контрола, рамнодушен кон правдата и едноставната човечка среќа, науката се посветува на организирано злосторство, никој, никако, освен оние од непоколебливиот идеализам, нема ни да помисли да се чуди околу тоа.

Ваквите откритија мора да се забележат, да се проследат според она што се, и да му се навестат на светот за човекот да стекне вистинска претстава за својата судбина. Но, обвиткувањето на тие страшни откритија со сликовита или хумористична литература – тоа никако не може да се поднесе.

Веќе не беше лесно да се дише во овој измачен свет. И еве ни една нова тегоба која ги има сите изгледи да стане конечна. На човештвото несомнено му се нуди неговата последна шанса. А и тоа може да стане повод за вонредно издавање весници. Сепак, поверојатно е дека тоа би морало да биде предмет на некои размислувања и голем молк.

Меѓутоа, постојат и други причини да се прифати со резерва приказната за антиципација која ни ја нуди печатот. Кога гледаме дека дипломатскиот уредник на агенцијата Ројтерс најавува дека тоа откритие ги крши договорите или ги прави надживеани самите постдамски одлуки, дека забележува како е сеедно дали се Русите во Кенигсберг или Турците кај Дарданели, не можеме да се оттргнеме од помислата за вистинските намери на тој убав концерт, многу туѓ на научната несебичност.

Одбиваме од таа тешка вест да извлечеме што било друго освен одлука уште поенергично да зборуваме во прилог на вистински интернационално општество, во кое големите сили нема да имаат повеќе права од малите и средните нации

Нека нè слушнат добро. Ако Јапонците капитулираат по уништувањето на Хирошима и поради срам, секако ќе се радуваме на тоа. Меѓутоа, одбиваме од таа тешка вест да извлечеме што било друго освен одлука уште поенергично да зборуваме во прилог на вистински интернационално општество, во кое големите сили нема да имаат повеќе права од малите и средните нации и во кое војната, неволја завршена преку дејствувањето на човечкиот разум, нема да зависи од апетитот или доктрината на некоја држава.

Пред застрашувачките перспективи кои се отвораат пред човекот, ние воочуваме уште дека мирот е единствената битка за која вреди да се бориме. Тоа не е молба, туку правило кое народите треба да го издигнат кон владите, правило кое конечно треба да избере меѓу пеколот и разумот.

Текстот е објавен во списанието Combat на 8 август 1945, два дена по бомбардирањето на Хирошима.

Пишува: Албер Ками

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Имате болест која ви умира во главата...
Следна објава Стари Македонски поговорки во северен манир во интерпретација на Владо Јовановски
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 697
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 637
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 658
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1314
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 591
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 686
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 362
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 455
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 663
Жена на денот
Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

1624
Маж на денот
Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

1140
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1448
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201820
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd, 202218
На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara
Матна Брегалница

На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara

Апр 23rd, 201917
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.