Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во своите говори на митинзите за промоција на кандидатите за градоначалници и советници од ВМРО-ДПМНЕ ги разобличува лошите политики на актуелните власти што се одразуваат директно врз животот на Македонските граѓани.
Од суштинско значење за населението во Македонија се темите кои задираат во нивниот секојдневен живот, а најзначајно е прашањето за платежната моќ на граѓаните. Трошоците за живот во Македонија драстично се зголемуваат а наспроти тоа платежната моќ на обичниот македонски граѓанин опаѓа. Реалноста е таква што со минимална плата во месец септември оваа година ни од далеку не можат да се обезбедат основните животни намирници, без граѓаните да размислуваат да тргнат некој денар настрана за не дај Боже.
Токму за овие теми Поптпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски зборува на народните митинзи на ВМРО-ДПМНЕ, но не само критикувајки ги актуелните власти, туку и нудејки решенија кои како партија ќе ги спроведат во иднина.
За промена на актуелните погубни политики потребно е промените да започнат од локално ниво на претстојните локални избори за да може опозицијата да добие легитимитет за барање на предвремени парламентарни избори на кои ваквите штетни политики на Зоран Заев, ќе станат минато во Македонија.
“Минималната кошничка во Македонија изнесува 34 400 денари! Со македонските плати не може да се купи тоа што е минимум и основно за семејствата. Мора да ставиме крај на економското опустошување во кое што малкумина се богатат, а цел народ осиромашува,”
-напиша на фејсбук Потпретседателот Николоски во прилог на дел од неговиот говор на еден од митинзите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.


