Александра Митева од Виница, која студира на престижната Академија во Равена,(Италија), по вторпат е победник на Ротари конкурс за изработка на мозаик на тема “Тарот карта според Равена“.

Целта на Ротари конкурсот на кој се пријавиле стотина уметници, е да се изработи цел шпил од тарот карти во мозаик, а ова е трета година како се организира истиот натпревар.
Александра пред две години беше првонаградена за мозаикот, а сега е добитник на специјалната награда . Покрај наградата, овие мозаици се изложуваат во Планетариумот на Равена, како и на Биеналето на мозаици кое се оддржува во септември-октомври, исто во Равена.

Инаку, младата талентирана виничанка Александра е трета година на студии во Равена, каде се запишала по завршувањето на средното уметничко училиште во Скопје, а во Италија добива и стипендија за школување.
Активен учесник е во различни уметнички изложби , а потврда за нејзината успешна уметничка кариера се многубројните награди.
