Во присуство на градоначалникот на скопската општина Чаир американската амбасадорка Кејт Мери Брнз беше дел од настанот за пуштање во употреба на плоштадот и паркот посветени на поранешниот амаерикански претседател Вудро Вилсон.
Во рамки на настанот беше откриена и биста на некогашниот претседател кој што е роден во Стентон, Вирџинија, кој е збратимен град со општина Чаир во Скопје.
Овој нов јавен простор нуди можности за реализација на нови културни активности и во иднина ќе биде сведоштво за блиското партнерство меѓу САД и Македонија,
-информираат од амбасадата на САД во Македонија