“Општина Пехчево се соочува со се поизразениот проблем со кучињата скитници кои претставуваат опасност за населението и даваат лоша слика за градот и населените места. Врз основа на Одлуката за комунален ред на општина Пехчево број 07-1717/1 од 22.10.2013, член 159, Општина Пехчево е надлежна за собирање на бездомните кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња доколку се затекнат на јавни површини без присуство на сопственикот и привремено да ги сместат во соодветни објекти -прифатилишта. Со цел за разрешување на проблемот со кучињата скитници во општина Пехчево, превземени се одредени активности од страна на Локалната самоуправа, потпишан е договор и ангажирана е фирма за заловување на кучињата”
– стои во известувањето на општина Пехчево.
“Независно од фирмата што е ангажирана за заловување на кучињата, се почнува со редовна контрола на јавните и сообраќајни површини во општина Пехчево од страна на комуналните редари и секое куче, кое ќе се забележи слободно без сопственик да шета на улица, ќе биде сликано и во соработка со ветеринарната станица во општина Пехчево ќе биде идентификувано и проверено дали е регистрирано, вакцинирано, третирано како што е законски пропишано “
– додаваат од општината.
“Трошоците за заловување и третман на регистрираните и нерегистрираните кучиња се на товар на сопствениците на кучињата, а во случај на бездомни кучиња товарот паѓа на Општина Пехчево.
Ако сопствениците не постапуваат согласно Одлуката за комунален ред на општина Пехчево и другите закони, ќе следуваат соодветни законски казни. “