Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска потврди дека ќе се зголемуваат даноците, притоа потценувајќи ја интелигенцијата на граѓаните со тврдење дека таквото зголемување на даноците немало да биде на штета на граѓаните и на бизнисте.
Измената на даноците нема да биде на штета ниту на граѓаните ниту на бизнисите. Било какви измени на даноците да се донесат ќе бидат во прилог на граѓаните и стопанствениците, рече денеска Анѓушев на отворањето на саемската манифестација „Технома“ на констатацијата дека стопанствениците и граѓаните веќе реагираат дека не се консултирани за овие предлози и дека некои од нив ќе бидат дополнително оптоварување за нив.
Ваквата изјава на Анѓушев доаѓа само неколку дена откако премиерот Зоран Заев потврди дека даноците ќе се зголемуваат. Имено Заев, во гостување на радиоемисијата „Стадион“ на Канал 77 изјави:
Пред локалните избори, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски напомена дека во програмата на Социјалдемократскиот сојуз е предвидено зголемување на даноците и потенцираше дека зголемувањето на даноците ќе има повеќекратни штети врз економијата.
– Информиран сум дека планираат зголемување на данокот на добивка и придонесите и дека тоа планираат да го прават постепено, а не одеднаш. За да не ги шокираат граѓаните од еднаш со поголемо зголемување на повеќе даноци, зголемувањето ќе биде постепено за луѓето да имаат можност помалку да го почувствуваат тоа.
Дел од провладините медиуми денеска излегоа со информации дека Владата разгледува опции за интервенција во насока на фискална консолидација, со кои се бара начин како и од каде да се покрие хроничниот недостиг од пари. Се размислува за поволни странски позајмици во комбинација со зголемување на даноци. Во консултација со експерти веќе се разгледуваат повисоки придонеси, повисок данок на добивка, па дури и повисок данок на додадена вредност.
Експерти кои се вклучени во изнаоѓењето решенија веќе најавија дека се размислува за зголемување на ДДВ за 2 до 3 отсто со што би се обезбедил добар прилив на пари во буџетот, а последиците би биле минимални бидејќи би се зголемиле цените на некои производи, а други би останале на исто ниво.
Дел од експертскат јавност веќе предупредуваше дека сиромаштијата во Македонија ќе се дуплира со покачувањето на даноците кое е најавено до крајот на годината. Зголемувањето на даноците само ќе го забрза крахот на економијата и ќе предизвика осиромашување на граѓаните.
Најавеното зголемување на даноците може да предизвика сериозни последици, како за економијата, така и за вработеноста и стандадот на граѓаните. Граѓаните стравуваат дека покачувањето на даноците може да предизвика негативни последици кои ќе доведат до осиромашување на народот, а со тоа и до зголемено незадоволство.
Тие предупредуваат дека од друга страна, сопствениците на фирмите со цел да го задржат профитот може да се одлучат за намалување на платите или отпуштање на работници, што ќе предизвика намалување на стандардот на семејствата во Македонија и нивно доведување до работ на егзистенцијата.
-Најавите за на Владата за ваков чекор доаѓаат без реална основа, анализа и проценка, а најмалку од се има издржана дебата, во која сите субјекти, експертите, работодавачите и синдикатите, но пре се граѓаните ќе може да го кажат своето мислење за вака сериозна тема. Штетите од неоправданото и неиздржаното зголемување на даноците повеќекратни и затоа ние стравуваме дека најлошо ќе се одразат на грбот на обичниот човек кој вредно работи а да обезбеди иднина за себе и за своите деца, велат од граѓанското движење.
Извор:Курир