Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска реализираше повеќе работни средби со претставници на стопанството и приватниот сектор во Крива Паланка.
Директно во погоните за производство Јанушев ги согледа условите во кои што работат вработените во текстилната индустрија, во трговските дејности, и производството на детски играчки.
Притоа тој упати порака дека граѓаните имаат волја за подобра иднина, за развој на нови проекти кои ќе бидат дел од програмата за обнова на Македонија.


