Во изминатата недела на 08.03.2020 година со почеток во 16.00 часот во киното “Kinepolis” во Рувен Франција се одржа кино проекција на Македонскиот филм “Ругање на Христос” во режија на режисерот Јани Бојаџи.
Настанот беше во организација на Македонската Асоцијација “Илинден 1903-та” која егзистира и работи во Франција.
Претседателот на Асоцијацијата г-динот Смиле Петровски кој што е долгогодишен активист за унапредување на положбата на Македонците во Франција и ширум Европа, информира дека ова е една од активностите кои што ги превзема оваа асоцијација а во иднина во континуитет ќе следуваат уште вакви и слични настани.