Откако во јавноста беше пренесена информација за зголемено ниво на радијазија во Крива Паланка, откако нашата редакција контактираше со Дирекцијата за радијациона сигурност по телефон, ни беше пренесена информацијата дека станува збор за неисправен мерен уред кој ги покажал ваквите зголемени нивоа на радијација на Европската радиолошка карта.
Од страна на институтот на Институт за Јавно Здравје – Лабораторија за јонизирачко зрачење & Радиоекологија до јавноста беше упатено следното соопштение:
20-06-2019
Заради технички неправилности во својата работа, две од мерните станици во Крива Паланка и во Берово се во фаза на поправка.
Отчитувањата во кои имаше пикови, не се резултат на реално измерената доза на јонизирачко зрачење.
После нивната поправка, ќе следи ново соопштение.


