Низ Битола денеска е видливо значително раздвижување пред утрешниот протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ со кој партијата и сите истомисленици по однос на штетноста на потпишаниот Договор меѓу Заев и Ципрас ќе протестираат низ улиците на Битола.
Истовремено партијата на симболичен начин ќе ја одбележи 28 годишнната од своето основање и 125 годишнината од постоењето на историското ВМРО.
Настанот ќе започне во 13.30 часот пред спортската сала во Битола, по што ќе се спроведе мирен протестен марш по улиците во Битола.