Од страна на Македонска Ракометна Репрезентација на фејсбук е објавен настан со кој се најавува “Бојкот на наставата поради екстремно загадениот воздух”.
Во објавата на настанот понатаму стои:
Поради екстремната загаденост на воздухот и немањето никаков план за како тоа да се намали, принудени сме на ваков чекор.
Повикуваме на бојкот на наставата од страна на учениците, студентите, родителите но и професорите. Сметаме дека овој чекор е неопходен за конечно овој проблем да се разгледа сериозно.
Ве молиме да го споделите настанов.
Оној Бојкот е најавен да се реализира во период од 10 до 31 декември, за кога се предува загадувањето во Скопје како и поголемите градови да достигне кулминација од неподносливи размери.