Автентичната алтернативна сцена не прифаќа сојуз со империјалистички сили чив питбул е милитантната организација НАТО. Затоа, на 22 септември во организација на ДСП Ленка, непосредно пред референдумот кој има за цел единствено Македонија да ја потчини и направи соучесник во војните за профит, ќе се оддржи антимилитаристички настан во социјалниот центар „Дуња“ кој се наоѓа спроти Градежен Факултет позади постојката.
Ќе има изложба на слики, проекции на филмови, оброк со порака (Food Not Bombs) и ќе настапуваат музички уметници кои се сè уште автентично антимилитаристи:
Vasko Atanasoski Васко Атанасоски
Puka Kozmetika
Melanie & the Boycoats
KONOP
DISCLASS
Седи мирен
Swing Walkers
Ink16
Коста Карев
DJ Mogli
*Артисти ќе има во текот на целиот ден, повеќе детали за останатите изведувачи наскоро.
БОЈКОТИРАМ ВОЈНИ ЗА ПРОФИТ!
НАТО НИТУ ПОД УСТАВНО ИМЕ!
-стои во објавата на фејсбук на настанот кој во саботата ќе се случува од пладне до пред полноќ.