Поранешениот дописник за МИА од Брисел, Бобан Нонковиќ на својот фејсбук профил открива податоци за состојбата на Романија, откако стана членка на НАТО и ЕУ.
Тој напиша:
“Романија доживеа најголем пораст во емиграцијата меѓу земјите-членки на ЕУ од 1990 година, покажа неодамнешниот извештај на Светска банка. Меѓу три и пет милиони Романци (од земја со 19,6 милиони жители), сега живеат и работат во странство. Повеќето од нив, односно околу 2,6 милиони луѓе се на работна возраст, што претставува речиси една петтина од работната сила во земјата.” * За потсетување, на Романија и се отворија “портите на рајот” во 2004 година (кога се приклучи на НАТО), односно во 2007 година (кога стана членка на ЕУ).