Градоначалничката функцикија носи многу предизвици, еден од нив е и да одолееш на бројните тендери и можноста за профит од нив. На последниот објавен тендер за набавка на доробен камен распишан од ЈП „Стипион“ вреден над 2 милиони денари се има јавено и фирмата „Пелагонија Инжиниеринг“ – Штип која е во косопственост на фамилијата на актуелниот градоначалник на Штип, Благој Бочварски. Во доставената понуда стои:
05/2018 ЈП „Стипион 2011“Штип Набавка на Дробен камен Најниска цена (2.670.000,00 ден.) на е-аукцијата поднесе понудувачот Друштво за градежништво,промет и услуги ПЕЛАГОНИЈА-ИНЖИНЕРИНГ ДОО Штип . Конечната одлука за оваа постапка ќе ја донесе одговорното лице, за што ќе бидете дополнително информирани. Отворена постапка.
Дали животот кој го ветуваше Бочварски подразбира доделеување на тендери за неговата фамилија останува да видеме времето што ќе покаже.