• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Став

Богдан Илиевски (Бетмен Велит): ФАКТИ за монструозноста- втора светска траела пократко од овие случувања

јуни 29th, 2019 Македонија, Став коментари 1946

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Богдан Илиевски (Бетмен Велит): ФАКТИ за монструозноста- втора светска траела пократко од овие случувања

Притвор се определува по три основи: 1. Опасност од бегство, 2. Влијание врз постапка и сведоци, 3. Повторување на дело

Ефективен притвор (колоквијално познат како „Шутка“) се определува како најстрога мерка, кога судијата на претходна постапка (оној кој определува мерки за обезбедување и ги цени околностите) пресудува дека е неопходно осомничениот да биде чуван во ќумез од 10 квадрати со чучавец, црвосан паркет, волнени ќебиња од време на кралство СХС.

Куќен притвор се определува како поблага мерка од ефективниот кога судот цени дека „не е толку ризична можноста за некоја од трите околности наведени погоре“, па покажува милозливост и му дозволува на осомничениот да го издржува притворот во својот дом, во кој има редовни контроли од МВР.

СУДОТ е ОБВРЗАН со закон да определи поблага мерка, доколку постојат услови за тоа. Проценката е субјективна, но суштински и логички се базира на проценка на факти.

Еве ги фактите.

Човекот прв пат беше притворен во ноември. Се сеќавате на истите копи/пејст службени белешки за него и за вториот притворен? На „стравувањата“ на обвинителство и суд дека можел да се даде во бегство? Имаше и лажни вести дека имал наводни сметки во странство, за кои пак тој се понуди ако му ги најдат, да го осудат на доживотен затвор. Ова се класични удбашки методи на балансирање на јавното мнение со лажни вести, за оние кои сакаат да поверуваат дека можел да побегне, да имаат за што да се фатат.

До притворањето, кое индикативно се случи неколку дена по заминувањето на неговиот поранешен претпоставен, човекот осомничен/обвинет во 5 предмети редовно се јавуваше во суд на секое рочиште. Тогаш од многумина определениот притвор „од никаде“ беше проценет како мерка/метод на одмазда за постапувањето на неговиот надреден.

После 50-тина дена беше пуштен во куќен притвор. Слушнав дека имал по 7-8 контроли на ден, од утро до вечер. Секој втор ден одеше на суд. Обвинет за 5 предмети кои носат потенцијално многу години робија, не побегна од дома, од трите мали деца и сопругата. Ревносно, ако може така да се каже, го издржуваше куќниот притвор.

Втор пат беше притворен во февруари. Ново обвинение, нов случај. Иако беше во куќен притвор, го спроведоа во ефективен притвор – Шутка. После инцидентот во кој беше нападнат во КПД Шутка, беше „вратен“ во куќен притвор. Не навлегувам во небулозите на овој случај, следбеник на нашиот во кој монструозната проценка на задолжените за објективност осакати 16 фамилии на два века робија. Зборувам САМО за околностите за определување притвор, ефективен или куќен. Значи, иако издржуваше притвор дома, судот го врати „по казна“ во Шутка. Иако никој контролор од МВР не се пожалил дека не одговорил на честите контроли, некои напати дури и во 3 наутро, судот некако одлучи дека сепак постои можност човекот да побегне. Го ставија, го истепаа, го вратија.

Повторно беше во куќен притвор. Повторно со по 10-12 контроли на ден, сведочат блиските. Повторно контроли во 3 наутро, кажуваат истите. Четири месеци, истата динамика. Судења секој втор ден, контроли секој ден. Сега беа шест процеси во кои вкупната потенцијална казна надминува далеку 20 години робија. Не замина од дома, не ги остави трите мали деца и сопругата.

Четири месеци подоцна, ново обвинение, нова пријава. Нов случај. Човекот е во куќен притвор. Го приведуваат. Иако издржува куќен, како и претходно, обвинителството стравува дека може да 1. избега, 2. влијае на постапката. И бара притвор. Судот повторно одобрува. Човекот е повторно во Шутка, од вечерва. Иако секој ден 12 контроли го проверувале, иако секој втор ден оди на суд… иако ги исполнува сите „должности“ од куќниот притвор, како поблага мерка на обезбедување присуство, за која судот има законска обврска да ја изрече… не бе бато, не вреди кога е во прашање сензибилитетот на некои обвинители и судии. Мики мора назад, во ќумезот, во 10м2. За да се сигурни дека баш нивниот случај со макс мазна од 3-4 години нема да ја прелее чашата и ако досега не побегнал од трите мали деца и сопругата со закана за 20+ години запретена казна, токму овој случај ќе го стори тоа. И ќе избега.

Наивност? Голема професионалност и предострожност?

Не.

Монструозност.

Немам ни школо ни причина да сум нечив личен адвокат. Но, сум адвокат на вистината. И не ми пречи под таа предумисла, да бидам адвокатус дијаболи на „вашиот омилен лик за мразење“. Не ми е гајле за нечии чувства. Туку за вистината. А вистината е дека човек по трет пат го носат онаму, иако веќе издржува без прекршувања поблаги мерки. Односно од куќен, по втор пат го враќаат во ефективен притвор. Дури и оние кои се на ивица на здравиот разум и логиката, ќе кажат дека ова е надвор од паметта. Надвор од секоја логика, не само правна. На граница на лудост? Не. Преку неа.

Сум прочитал три книги во живот, сум сретнал и знам доволно зборови за да се изразам. Не ми текнува ниту еден подобар збор за опис на ова што го сторија од: Монструозност.

nota bene: Ова е само еден агол на она што се случуваше денес. Најдобриот показател за „намерите“ на органите. За Димитар и Дејан, за ВМРО, за сето она што се прави веќе со години (втора светска траела пократко од овие случувања), ако почнам да пишувам, нема да довршам, додека дојдат можеби пак и по мене. Затоа што можеби ќе претпостават дека ќе го извршам кривичното дело Зломисла, казниво со смртна казна во главите на монструмите, точно дефинирано од Орвел, кој многу полесно од мене го опишал општеството кое се обидов да го дешифрирам во 30тина редови погоре, во своето тажно ремек дело 1984-та.

Господ да им дајт сила на фамилиите кои го трпат ова во моментов. А оние кои го прает, исто така ќе бидет еден ден под нечив суд. Дали земен, дали историски или оној Највисокиот… не знам. Ама правдината на крај секогаш победвит.

Фејсбук стату8с на Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Христијан Мицкоски за своите соборци: Нема да не скршат, затоа што ние ќе одиме до крај, се до конечен пораз на Деспотот кој е на колена
Следна објава Љубомир Цуцуловски: МОЖАМ САМО...
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 564
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 542
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 533
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1193
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 512
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 595
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 321
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 404
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 560
Жена на денот
Џесика Алба- Небесниот ангел кој слезе на земјата

Џесика Алба- Небесниот ангел кој слезе на земјата

1162
Маж на денот
Дејл Карнеги - Ако судбината ви подари лимон, направете лимонада

Дејл Карнеги - Ако судбината ви подари лимон, направете лимонада

2072
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4275
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење
Магазин

Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење

Јун 10th, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.