Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати своја реакција преку социјалните мрежи како одговор на поедини коментари преку кои што пропагандата на СДСМ сака да ги пасивизира Македонците да не излезат на гласање на претстојните избори и да не се спротивстават на катастрофално-погубните политики на Зоран Заев и врхушката на СДСМ.
“Многумина ќе нѐ обесхрабруваат, многу ќе велат попусто е ова, но тоа треба да нѐ мотивира, затоа што нашата цел е племенита, вреди оваа битка за нашите потомци, нашата борба против овие кои ја парчосуваат Македонија, тука пред сѐ мислам на заканите и уцените, на пандемијата која за жал поради лошите мерки има продолжен ефект, но тоа треба дополнително да нѐ мотивира. Македонецот се борел и со помоќен непријател, но тогаш победувал, така ќе биде и на 15 јули и ќе одекне громогласно во Европа победата на ВМРО-ДПМНЕ!
#ИсправиСеМакедонијо
#ОдбериОбнова“
-напиша на фејсбук Мицкоски.


