Во продолжение ја пренесуваме интегрално прес конференцијата на Претседателот на Општинскиот комитет на на ВМРО-ДПМНЕ на Лозово:
Почитувани,
иако„Транспарентност“, е најкористениот збор во вокабуларот на челниците од СДС, во пракса скоро и да не наоѓа примена.
Имено, Градоначалникот на о.Лозово, Ацо Велковски без согласност од ГРАЃАНИТЕ и без ОДЛУКА на СОВЕТОТ на о.Лозово, на своја рака во четири очи прифатил изградба на Регионална Кафилерија во Општина Лозово. Истата ја претставува како индустриски капацитет за преработка на нуспроизводи од животинско потекло, но притоа во духот на „транспарентноста“ свесно премолчува пред граѓаните многу важни информации!
Кафилерија, почитувани граѓани е завод каде што се уништуваат мршите на пцовисани животни кај кои во 90% од евидентираните случаи ,смртта настанала од болест. Ако се земе во предвид дека бројот на грла добиток во Централниот и Источниот регион на Р.Македонија е драстично намален, наспроти Западниот, каде бележи постојан раст, со што ризикот од заразни болести во тоа подрачје е значително поголем, се прашуваме зошто се гради објект од ваков тип токму во Лозово, со што дополнително би се зголемиле трошоците за превоз на мршите од пцовисани животни.
Поради ова, го прашуваме господинот Велковски, дали водел сметка за квалитетот на живот, здравјето на граѓаните и последиците кои можат да произлезат, кога прифатил изградба на објект од висок еколошки ризик или фокусот бил ставен само на висината на средствата предвидени за реализација на истиот?
Затоа Јас, и поголемиот дел од граѓаните на Општина Лозово не се согласуваме со локацијата и изградбата на ваков објект во нашата општина од следните причини:
- -Бидејки е предвидено да се изгради на само неколку метри од домовите на граѓаните и во непосредна близина на Основното училиште М.М.Брицо.
- -Заради климатските услови во ова подрачје, особено розата на ветрови, кое би довело до ширење на непријатна миризба и канцерогени честички во воздухот, посебно за време на долгите и жешки лета.
- -Затоа што постои опасност од загадување на плитките подземни води, карактеристични за овој предел.
- -Поради големата опасност од ширење на заразни болести преку глодари и лешинари кои ке дојдат во контакт со заразените остатоци од мртви животни.
- -Бидејки постои реален сомнеж за несоодветно менаџирање на објектот, за кое никој јавно не говори и сл. Овој регион е познат по одгледување на житни култури и земјоделски производи кои во моментов се со одличен квалитет и барани на пазарот па затоа не би сакале истите да подлежат на можно загадување од објект кој припага во група на објекти со висок еколошки ризик, со што би била доведена во прашање егзистенцијата на граѓаните од евентуалната намалена побарувачка на земјоделските производи од овој регион!
- -Дали на Р.Македонија и е потребен толкав објект кој нема да биде рентабилен? Зошто Источна Македонија да добие депонија за мрши, животински отпадоци и убиени заразени животни кои ке се носат од Грција,Бугарија,Косово и Албанија како што изјави директорот на АХВ?
Зар животот на нашите деца не е повреден од евентуални идни 15 партиски вработувања?! Замислете само една епидемија на Балканот од некоја заразна болест кај животните и кога сите тие треба да завршат во оваа кафилерија?! И што ако истата се прошири и кај нас?!
Затоа го прашуваме јавно господинот Велковски да одговори, кој направи физибилити студија и кој издал одобрение за градба на ваков објект во индустриска зона со Г2 намена(Лесна незагадувачка индустрија)?
Зборувајте отворено! Па нели тоа е во духот на отчетното и транспарентно работење? Нели устата, на сите ви беше полна со пароли за демократија, слобода на говорот и пишаниот збор?! Или можеби некој се срами од изразувањето на сопствениот став, од тоа ,што јавноста ке дознае и на каков начин ги застапувате интересите на граѓаните?
Господине Велковски ние сме одлучиле да живееме и инвестираме тука и за нас не постои план „Б“ за после две години да си заминеме во Германија како вас !! Можете да им се заканувате на граѓаните и да ги присилувате да ги бришат објавите и коментарите кои се однесуваат на кафилеријата… Можете преку вашиот брат да упатувате уште 1000 навреди кон оние кои свесно размислуваат и не се согласуваат со вас… Можете уште еден куп дисциплински постапки и кривични пријави да поднесете против мене, моето семејство и моите први соработници, но НЕМА ДА НЕ ЗАМОЛЧИТЕ!! НЕМА ДА НЕ ЗАПРЕТЕ ДА ЈА ЗАПОЗНАЕМЕ ЈАВНОСТА СО ВАШИТЕ ЛОШИ ПОЛИТИКИ!!
Прочитана книга сте!!
Повеке не поминуваат кај граѓаните муабетите од типот „ЌЕ“ направиме, „ЌЕ„ средиме, и „ЌЕ“ изградиме!! Денес тоа се поистоветува со купување на време, кое за жал се плаќа со квалитетот на живототите на нашите сограѓани. Нели пропагиравте дека ке бидете отворени за критика, но за жал не видовме ни спремност за критика, уште помалку за самокритика!! „Или си со нас или против нас“ –тоа е политиката што ја водите!!
И сосема за крај би сакале да ве известиме дека Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ преку својата советничка група ке побара референдумско изјаснување за изградбата на Кафилерија во општина Лозово!! Се надеваме дека советниците од редовите на СДС ке бидат конструктивни и ке ја поддржат оваа иницијатива, во спротивно ке бидеме приморани да превземеме порадикални мерки!
И Да…
Зборувајте потивко, да не ја разбудите транспарентноста…