Де денешен ден Македонскиот народ се бори за правда и еднаквост, напредок и подобар живот, истакна градоначалникот Димче Атанасовски во својата честитка по повод денешниот празник 11 Октомври.
“Во мое лично име и во име на Општина Македонска Каменица , на сите граѓани им го честитам големиот празник 11 Октомври – Денот на народното востание.
Овој празник е симбол на вековниот стремеж за слобода на македонскиот народ.
11-ти октомври е еден од најсветлите датуми во македонската историја, затоа што е почеток на едно ослободително и антифашистичко востание, кое беше крунисано со АСНОМ и втемелувањето на македонската државност.
До денешен ден, македонскиот народ се бори за правда и еднаквост, напредок и подобар живот, борба против хегемонистичките апетити кон Македонија.
Нека е вечен споменот на сите борци за Македонија!
Нека е вечен денешниот празник!
Нека е вечна Македонија!
-стои во честитката по повод 11 Октомври – Денот на народното востание против фашизмот во Втората Светкс Војна на Градоначалникот на општина Македонска КАменица Димче Атанасовски.