На социјалните мрежи се појавија повеќе фотографии на членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ фотографирани со Македонското национално знаме- Ѕвездата од Кутлеш.
Притоа од оваа младинска политичка организација споделија и пригоден коментар:
“Со генерации наназад од генерација на генерација се пренесувало македонското сонце, сега е наш ред да со сочуваме и да го пренесеме на помладите генерации.
Светело и ќе свети сонцето македонско над Куманово и над цела Македонија!”