На почетокот од оваа година животот станал суров кон една мала убавица од Виница. Четири годишната Хана Миланов, има дијагностицирано леукемија, а во моментов родителите се соочуваат со тешкотии околу покривање на високите трошоци за нејзиното лекување.
Семејството на Хана праќа молба до хуманите граѓани, да им помогнат колку што можат во оваа тешка битка со болеста.
„Со оглед на трошоците за лекувањето кои ние самите како семејство не можеме да ги обезбедиме, Ве молиме да донирате средства во Ваша можност за продолжување на животот на Хана…“- порачува нејзиното семејство.
Лекувањето во Скопје би требало да заврши кон крајот на оваа година, а потоа да продолжи во домашни услови. Семејството ги набавува потребните лекови од странство, бидејќи ги нема во Македонија. Велат дека секој дониран денар е драгоцен и најважно им е да се врати радоста во детскиот живот на Хана.
Ако можете да помогнете, направете го тоа уште денеска, за да не дозволиме да згасне прекрасната детска насмевка на милата Хана.
Инфо за донации:
Бети Спасова Хана
200003138389790
Стопанска Банка А.Д Скопје
Извор: Курир