Градот на УНЕСКО има големи шанси да се најде на црната листа на загрозени подрачја, ако до крајот на јуни државата не ги испорача дваесетте забелешки кои УНЕСКО ги препорача на Република Македонија.
Дел од препораките на УНЕСКО се да запрат градежните работи додека не се направи ревизија на урбанистичките планови, како и проверка на влијанието врз животната средина и природното и културното наследство, а градењето дивоградби и нелегализирани објекти во Охрид е на загрижувачко ниво.
Владата треба приоритетно да го усвои и Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и да го достави во Собранието.
Охрид е под двојна заштита на УНЕСКО како светско природно и културно наследство, и ако не се реализираат поставените мерки Охрид и охридскиот регион може да се стави на Листата на светско наследство во опасност.