Со своја реакција во јавноста денеска преку социјалните мрежи се обрати кандидатот за градоначалник на Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Д-р Маријан Миленковски кој во вториот круг ја продолжува борбата за подобра иднина на своите сограѓани. Во првиот круг од Локалните избори кој што се одржа во неделата Д-р Маријан Миленковски освои 3.766 гласови наспроти актуелниот градоначалник Драган Анастасов кој освои 4.230 гласови.
Оваа разлика во гласови е лесно совладлива имајки го во предвид големото опозициско незадоволство против политиките на Зоран Заев на централно ниво кои се рефлектираат и на локално ниво.
“Мои драги пробиштипјани,
На 31 октомври во Пробиштип ќе победи разумот, ќе победи народот.
Со огромно задоволство, но и одговорност пред сите вас ја прифатив оваа кандидатура и во овој момент многу јасно е кон која насока се движи цела Македонија.
Целиот свој живот го минавме во овој град, создавајќи вредности за идните генерации.
Изминаа 4 макотрпни години, години во кои успеавме да останеме чесни, со крената глава и достоинствено. Токму со таа чест и ја побаравме поддршката за да ја водиме општина, чесно и ќе ја добиеме.
Народот е свесен дека на Пробиштип и Македонија им се потребни промени.
Ова ќе биде победа на сите што заслужуваат заедничка иднина.
Почитувани,
вашиот глас искажан на овие локални избори мора да се почитува и понатаму. И на тие што гласаа и на оние што не гласаа.
Верувам дека Пробиштип јасно ќе покаже колку е важна борбата против криминалот, корупцијата, личниот интерес и апатијата која ја наметнуваат и јасно ќе стави до знаење дека граѓаните сакаат промени и нова светла иднина.
Голема благодарност до сите мои сограѓани и бидете во едно сигурни, а тоа е дека никогаш нема да ве изневерам.
Да бидеме силата на промените!
Да се обединиме!
Да покажаме заедништво и слога!
Уште еден чекор не дели од она за кое сите се трудиме, за подобар Пробиштип, за град на сите луѓе.
Заедно, сплотени, единствени во победата продолжуваме!
Заедно ќе создадеме нова иднина!”
-напиша Д-р Маријан Моленковски на фејсбук.