Денеска во Турција своја работна посета оствари висока делегација на ВМРО-ДПМНЕ во која дел беа двајцата потпретседатели на партијата Владо Мисајловски и Александар Николоски како и Генералниот секретар Игор Јанушев.
Тие се сретнаа со претставникот на АК партијата кој моментално е на функцијата Министер за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, при што разговарале за подигање на соработката меѓу Турција и Македонија на повисоко ниво.
Во продолжение го пренесуваме известувањето до јавноста упатено во врска со оваа средба од страна на Владо Мисајловски:
“Денеска во Истанбул, Република Турција остваривме средба со Министерот за надворешни на Турција Мевлут Чавушоглу и делегација од ВМРО-ДПМНЕ.
На средбата се разговараше за односите и соработката на АК партијата од Турција и ВМРО-ДПМНЕ како две партии со десничарска ориентација.
На средбата стана збор и за односите меѓу Македонија и Турција. Се констатираше дека односите се добри но е потребно подобрување особено во делот на културните односи и економската соработка.
Се нагласи дека членството на Македонија во НАТО ја засилува соработката со Турција.
Се потенцира потребата од реформи со цел Македонија да почне преговори со ЕУ.
Беше констатирано дека соработката меѓу АК партијата и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и во идниот период.”
-напиша Мисајловски на фејсбук.


